Од денеска, под влијание на нов влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови, кои повисоките планини повремено ќе преминуваат во снег.
Наместа ќе има пообилни врнежи, а во сабота и локална нестабилност со пороен дожд и со грмежи.
Денеска и во сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.
Во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде 15 степени.