Променливо облачно со мала до умерена облачност која ќе биде поголема во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. УВ=8
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 30 степени.