Денеска времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец (наместа над 80 km/h).
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Во петок во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер, а попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни ( над 30л/м2). Во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка.