Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Попладне во северните и источните делови врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Следува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во сабота и понеделник долж Повардарието повремено ќе дува засилен северен ветер.