Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, во источните делови на места ќе провејува слаб снег, а на југоистокот ќе има слаб дожд. Ќе дува засилен до силен северен ветер, на повеќе места со брзина и над 70 километри на час.
Температурата ќе достигне до 10 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно и ветровито со засилен северен ветер.
Температурата ќе достигне 8 степени.
Од утре ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура.