Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 7.
Во Скопје, слично време. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33 степени.