Пролетните горештини најава за долгорочна суша

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шпанија годинава ја бележи својата најтопла пролет во историјата и втора најсушна досега, според националната метеоролошка агенција.Последните податоци укажуваат на продолжување на екстремно високите температури кои беа присутни во текот на 2022 година, која беше најтоплата година досега забележана во Шпанија.

Во последните неколку дена од април, Шпанија ја зафати топлотен бран, а температурите достигнаа рекордна 38,8°C  регистрирани во Кордоба.

Екстремно високите температури за овој период од годината доведоа до пресушување на неколку солени езера во јужна Шпанија кои служат како живеалишта за птиците преселници, како што се фламингата.

На 26 април, сателитските снимки Коперник Сентинел-2 открија дека езерото Фуенте де Пиедра во Андалузија, познато како омилено место за фламинго, е целосно суво.

Пролетните горештини беа придружени со недостиг од дожд, што ќе ја влоши долгорочната суша во Шпанија, и покрај врнежите забележани во изминатиот месец.

Шпанските власти вчера објавија дека акумулациите во земјата се со 47,4% од капацитетот, тренд што продолжува.

Метеоролошката служба посочи дека тоа остава негативни ефекти врз екосистемот на таа медитеранска земја.

– Температурите на површинските води забележани во 2022 година се највисоки од 1940 година – објавија метеоролозите, предупредувајќи дека овој феномен го загрозува морскиот живот и неговата способност за репродукција.

Констатирано е дека високите температури имаат последици и по здравјето на луѓето и екосистемите, во смисла на зголемена веројатност за шумски пожари.

- Advertisement -
Ad image

Претстојното лето најверојатно ќе биде „исклучително жешко“, според прогнозите на шпанската метеоролошка служба, иако има можност за поројни врнежи. Минатиот месец, шпанската влада објави мерки во вредност од 2,2 милијарди евра за борба против сушата, кои вклучуваат финансирање за рециклирање на водата во градовите и континуирана помош за земјоделците.

Шпанија е водечки европски производител и извозник на свежо овошје и зеленчук, а во април земјата побара итни средства од Европската унија врз основа на лошите прогнози за годинашните приноси.

Share This Article