More

    Проговори таксистот кој ги возеше Хари и Меган

    spot_img

    Принцот Хари, неговата сопруга Меган Маркл и нејзината мајка Дорија Рагланд „речиси загинаа“ вчера вечер, откако, како што тврди нивниот портпарол, биле бркани од папараци додека се возеле со такси низ Њујорк.

    Во интервју за The Washington Post, проговори и таксистот кој ги возел. Тој ја опиша ситуцаијата во 10-те минути што ги поминал со Хари, Меган и Дорија во своето возило.

    Таксистот Сукчарн Синг рече дека ги собрал војводата и војвотката од Сасекс со „постара црна жена и чувар“ околу 23 часот. Тој изјави дека чуварот му замавнал на неговиот автомобил и тој ги возел до Парк Авенија пред да тргне на југ, по што ги следеле два автомобила.

    – Продолжија да нѐ следат и дојдоа до автомобилот. Нѐ сликаа и нѐ снимаа кога застанавме – вели 37-годишниот таксист.

    Сукчарн рече дека по неколку минути обезбедувањето го замолило да ги врати патниците , бидејќи бил загрижен дека тие се премногу изложени на фотографите. Таксистот потоа се упатил на север по авенијата Медисон за да ги врати таму каде што ги собрал.

    – Јас навистина не би го нарекол тоа потера. Воопшто не се чувствував како да сме во опасност, беше безбедно – рече тој.

    Меган и Хари првпат се појавија во јавноста по крунисувањето на кралот Чарлс. Во својот говор, по добивањето на една од наградите, Меган ги охрабри жените да се борат за еднаквост, а по церемонијата седна во автомобил со сопругот и мајката Дорија Рагланд, по што ги бркале папараци за да ги фотографираат.

    Таксистот открил дека добил 50 долари бакшиш за 10-минутното возење.

    Извор од њујоршката полиција изјавил дека ситуацијата повеќе била хаотична, отколку близу катастрофа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img