More

    Прогласете ме за луд или денеска да си одам, им велел Коста К. на болничарите

    spot_img

    Пуштете ме, сакам да полагам!, викало на цел глас момчето Коста К. во психијатриската болница во Белград. Тој лани на 3 мај изврши масакр во своето основно училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар. Коста К. сега сака да го полага својот завршен сиспит во ОУ „Драган Херцог“, но од болничката соба.

    – Рече дека сакал да излезе и да го „скрши“ испитот, целосно игнорирајќи го фактот дека извршил страшен масакр пред 13 и пол месеци. Неговите постапки не се променети, тој сè уште се однесува арогантно и мисли само за себе – вели извор за српска Република.

    Директорот на училиштето „Драган Херцог“ потврди дека нивните осмоодделенци полагаат, но на прашањето за Коста го прекина разговорот.

    – „Прогласете ме за луд, или пуштете ме денес“ е реченицата што момчето ја упати до персоналот. Ова го кажа видно изнервиран. Лекарите беа шокирани – вели извор за српски Информер.

    Коста К.(14) со месеци покажува рамнодушност и незаинтересираност за сè што направил, а единствено што го интересира се неговите услови на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади во Белград каде што се наоѓа.

    – Иако е свесен за ситуацијата во која се довел, односно дека се наоѓа на клиника каде има јасни и строги правила, тој не се откажува од своите желби. Последното нешто што го праша ги остави во шок сите присутни, токму поради зборовите што ги изговори – изјави претходно извор од истрагата.

    За потсетување, грозоморното злосторство се случи на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, кога момчето Коста Кецмановиќ во 08.40 часот вооружено влета во зградата. Тој од вратата на училиштето пукал во обезбедувачот Драган Влаховиќ, кој набрзо им подлегнал на повредите. Момчето потоа нишанило кон трите ученички кои ги убил.

    Крвавата гозба на Коста продолжи во кабинетот по историја, каде што имаше час неговто одделение VII/2. Ја ранил наставничката по историја Татјана Стевановиќ, а потоа отворил оган врз другарите. Најпрвин уби пет студенти, а рани уште шестмина.

    За жал, уште една ученичка од ОУ „Владислав Рибникар“ по 12 дена борби им подлегна на повредите, со што бројот на жртви се искачи на десет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img