Професорот Калајџиев зборува за деликатноста на предметот „Таргет-Тврдина“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Чудно ми делуваат сите тие згрозувања од одредени политичари откако Апелациониот суд ја укина пресудата за предметот „Таргет-тврдина“, а истите тие политичари со прст не мрдаат за да се воспостави посериозна контрола врз прислушувањето, вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.

Тој смета дека не може прстот да се впери само во еден човек доколку се случи да застари делото.

– Работите не се црно-бели. Не можете да кажете кој конкретно ќе биде одговорен доколку се случи застарување на делото. Не е само еден човек одговорен за сѐ – истакна професорот.

Калајџиев посочува дека предметот „Таргет-Тврдина“ е прилично комплициран предмет со обемен материјал.

– Сашо Мијалков не го призна делото што му се товари во предметот „Таргет-Тврдина“. Правно е проблематично дали тој всушност можел како директор на Управата за безбедност и контраразузнавање да го изврши делото „злоупотреба на службената положба и овластување“, бидејќи, и покрај тоа што е директор, сепак тој немал такви надлежности. Верувам дека има еден куп правни прашања и самиот случај е многу деликатен – вели Калајџиев,

Во продолжение, погледнете ја целата емисија:

Share This Article