Професорка од средно училиште во Виница вчера пријавила во полиција дека во училиштето била физички нападната од нејзин колега, соопшти полицијата.
„Вчера во 14.10 часот во ОВР Виница, Т.А.Д.(50) од Виница пријавила дека на 24.09.2024 на работното место во средно училиште во Виница била физички нападната од колегата М.С.“, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Откако случајот ќе биде целосно документира, од полицијата најавуваат соодветна пријава.