Проектот RISE официјално го отвори четвртиот повик за поддршка на млади социјални претприемачи во време кога постои силен моментум за развој на солидарната економија.
Здружението АРНО апелира до сите млади кои имаат идеја за бизнис кој прави добро за природата и заедниците, да аплицираат со своите тимови најдоцна до 5.октомври преку пополнување на пријава на овој линк.
Тимовите кои ќе бидат избрани за учество имаат можност да добијат неповратни средства за развој на идеја за социјален и зелен бизнис (2500 евра), менторство, обуки и можност да посетат други социјални претпријатија од Западниот Балкан.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.