Проектот ќе се реализира со кредит од Германската развојна банка

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ЕСМ со поволен кредит од германска развојна КфВ банка почнува нов циклус инвестициски проекти во обновливи извори на енергија. Станува збор за изградба на фотоволтаичната електроцентрала Битола 2 и реализацијата на втората фаза од изградбата на ветерниот парк „Богданци”.

Средствата за овие два значајни проекти, во износ од 55 милиони евра, се обезбедени преку заем со државна гаранција потпишана од Министерството за финансии, по исклучително поволни услови, со рок на отплата од 15 години и вклучен грејс-период од 5 години.

Договорот за заем денеска го потпишаа Мориц Ремé (Moritz Remé), директор на канцелариите на КфВ  банка во Скопје и во Приштина и Лазо Узунчев, генерален директор и претседател на Управниот одбор на АД ЕСМ. Додека Договорот за гаранција го потпишаа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и директорот Мориц Реме.

– Како Влада ја препознаваме потребата од зголемување на производството на зелена енергија и во таа насока е издадената гаранција за реализација на овој Договор, а воедно со тоа и за обезбедување на потребните средства за финансирање на проектот за Ветерниот парк Богданци – фаза 2 и Фотонапонска електрана Битола 2. Овие проекти се дел од инвестицискиот циклус којшто го почнуваме и на кој го темелиме нашиот развој во иднина. Владата има сериозен пристап и ќе ги вложи сите напори да се реализираат проектите кои ќе имаат додадена вредност за економијата – рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека тој инвестициски циклус е поддржан и со висок износ на планирани капитални инвестиции во Буџетот за 2025 година.

– Ми претставува вистинско задоволство што АД ЕСМ по долго време повторно влегува во еден сериозен и динамичен инвестициски циклус. Благодарение на одличните односи со КфВ банката во којашто гледаме сериозен партнер за зајакнување на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем, продолжуваме да го трасираме патот кон одржливо енергетско сценарио преку реализација на нови проекти од обновливи извори. Со средства од нашиот партнер,  АД ЕСМ, веќе реализираше значајни зафати, а во наредниот период продолжуваме со засилено темпо кон реализација на нови проекти – потенцираше Узунчев по потпишувањето на Договорот за заем.

На потпишувањето присуствуваше и заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини, Мирослав Лабудовиќ, кој истакна дека проектот за проширување на ветерниот парк „Богданци” е дел од Националната стратегија за зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори.

– Реализацијата на двата зафати дополнително ќе го збогати портфолиото за обновливи извори на Македонија, ќе придонесе за дополнителна стабилност на енергетскиот систем и ќе влијае на намалување на зависноста од увоз на електрична  енергија. Овие инвестиции ќе имаат и социо-економски придобивки затоа што ќе отворат нови таканаречени зелени работни места -рече Лабудовиќ.

ФЕЦ Битола 2 ќе се гради на рекултивирано земјиште во рамките на РЕК „Битола” и ќе има инсталиран капацитет од најмалку 50 MW. Се очекува оваа електроцентрала да произведува околу 80 – 90 GWh електрична енергија годишно, што е доволно за потребите на над 20 илјади домаќинства. Инвестицијата од 47,3 милиони евра ќе ја намали емисијата на јаглерод диоксид за 63.000 тони годишно, придонесувајќи за побрза декарбонизација на енергетскиот сектор.

- Advertisement -
Ad image

Согласно проектот за проширување на ветерниот парк „Богданци” на постојната локација на паркот, кој во моментов е со 16 турбини, со моќност од 36,8 MW, ќе се инсталираат уште 4 ветерници со вкупен инсталиран капацитет од 13,6 MW, со што целосно ќе биде заокружен овој  ветерен парк со вкупен инсталиран капацитет од околу 50 MW.

Директорот на канцелариите на КфВ во Скопје и во Приштина Реме потенцира дека Германија и КфВ гi поддржуваат зелените енергетските производствени капацитети во државата последните 20 години.

– Горди сме што можеме и понатаму да ги поддржиме напорите на Владата и на ЕСМ и да придонесеме за креирање одржлив енергетски систем од којшто најголема корист ќе имаат граѓаните. Ова ќе биде најголемата јавна фотонапонска централа во државата и несомнено ќе придонесе за понатамошното зголемување на уделот на обновливи енергии во енергетскиот биланс – истакна Реме.

- Advertisement -
Ad image

Амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер потенцира дека новиот германски заем е добра вест за секој кој се грижи за оддржливоста на енергетскиот сектор во Република Северна Македонија.

-Тој ќе и помогне на земјата во својот пат кон имплементирање на Зелената Агенда на Западен Балкан како и да се оттргне од зависноста кон старата инфраструктура базирана на јаглен. Средствата од заемот ќе бидат инвестирани во фото напонска електрична централа близу Битола и делумно за проширување на ветерниот парк во Богданци. И двете инвестици ќе придонесат да се реализира дел од огромниот потенцијал на обновлива енергија во корист на граѓаните на Република Северна Македонија – истакна Дреклер.

ФЕЦ Битола 2 и проширувањето на ветерниот парк  „Богданци” се дел од долгорочните планови на државата кон зелената енергетска транзиција.

Share This Article