More

    Продуцентот се соблекол гол и ја принудил на орален секс со него

    spot_img

    Британската актерка Џулија Ормонд (58) го обвини озлогласениот продуцент Харви Вајнстин (71) за сексуален напад. Како што пренесува „Пејџ сикс“, во тужбата се наведува дека продуцентот ја нападнал по деловна вечера во 1995 година.

    Џулија тврди дека Харви ѝ рекол дека ќе разговараат за проектот само ако го покани во станот што ѝ го ставила на располагање филмската компанија „Мирамакс“, како дел од нивниот договор со актерката. Џулија се согласила на тоа, а набргу откако пристигнале во станот, продуцентот наводно „се соблекол гол и ја принудил на орален секс со него“.

    По нападот Ормонд им раскажала на своите агенти Кевин Хуван и Брајан Лорд, кои и рекле да не кажува ништо јавно и не ја заштитиле по инцидентот. Заедно со Харви, Џулија ја тужи и Агенцијата за креативни уметници (CAA) за занемаруваање и прекршување на доверителската должност. Таа ги обвини и „Мирамакс“ и „Волт Дизни“ за занемарување на надзорот.

    Како што тврди актерката, набргу откако ги известила своите агенти во ЦАА, „Мирамакс“ го раскинал договорот со неа. Исто така, наводно ја преместиле на агент со помало искуство, поради што на крајот ја напуштила агенцијата. Таа исто така изјавила дека мажите во агенцијата знаеле што направил Вајнстин, како и вработените во „Мирамакс“ и „Дизни“.

    – Ниту една од овие компании не ја предупредиле Џулија Ормонд дека Вајнстин има историја на злоставување жени бидејќи бил премногу важен, премногу моќен и заработувал премногу пари за нив – пишува во обвинението.

    Адвокатот на Вајнстин, Имран Х. Ансари, изјави за „Пејџ сикс“ дека продуцентот ги негира сите наводи на Џулија против него и е подготвен да се брани.

    Џулија за „Вариети“ изјавила дека одлучила јавно да ја раскаже својата приказна бидејќи смета дека е потребно нешто да се промени во системот и дека „напаѓачите“ треба да преземат одговорност.

    Вајнстин до денес е обвинет за сексуално злоставување од повеќе од 100 жени. Во моментот е во затвор, каде отслужува 23-годишна затворска казна за силување на актерка и сексуално злоставување на асистентка. На почетокот на годинава му ја продолжија казната за 16 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img