Продуцентот Ал Ради, холивудската икона, кој го продуцираше филмот „Кум“, почина на 94-годишна возраст по кратко боледување

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Продуцентот Ал Ради, холивудската икона, кој го продуцираше филмот „Кум“, почина на 94-годишна возраст по кратко боледување, потврди портпаролот на семејството, пишува „Дејли мејл“.

Ради, исто така, работеше на филмот „Милион долари бејби“ на Клинт Иствуд со Хилари Свонк во главната улога. За двата споменати филма беше награден со Оскар.

Долго пред неговиот успех во филмовите, Ал го создаде ТВ-класикот „Хероите на Хоган“, кој се емитуваше шест сезони.

Многу колеги се збогуваат со Ал, меѓу кои и Клинт Иствуд, Ал Пачино и Хилари Свонк.

„Тој ми беше голем пријател и многу ќе ми недостига“, изјави Иствуд. Свонк додаде: „Кога работев со него, тоа беше најдоброто време. Тој секогаш ќе биде легенда во мојата и во книгата на сите“.

Ал Пачино се простил со следните зборови: „Ради беше прекрасен кон мене цело време додека го снимавме „Кум“. Дури и кога другите не ме сакаа, тој ме сакаше. Ме охрабруваше кога ми требаше најмногу и никогаш нема да го заборавам тоа“.

Ал, полно име Алберт С. Руди, е роден во Монтреал, но пораснал во Њујорк и Флорида. Тој учел во средното техничко училиште во Бруклин пред да добие стипендија што му овозможила да студира хемиски инженеринг на Сити колеџот во Њујорк. Во 1956 година дипломирал архитектонски дизајн на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Ради работел на дизајнирање куќи за градежна компанија во Хакенсек. Но, на крајот се посветил на филмската кариера. Работел кратко во „Варнер брос“ а потоа во „Јуниверзал“.

Во 1972 година, тој го продуцираше „Кум“, адаптација на романот на Марио Пузо. Филмот беше огромен успех и комерцијално и критички и се смета за еден од најдобрите филмови некогаш направени. Филмот беше номиниран за 11 награди на Оскар и освои три – вклучувајќи ги првиот од двата Оскари за најдобар филм на Ради.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article