16 социјално ранливи семејства од Демир Капија наскоро ќе добијат топол дом и шанса за нов, многу похуман почеток .За жителите на овој град денеска е распишан повик кој ќе трае заклучно со 27 Март. Изразувајќи задоволство од фактот што вакви повици беа објавени во краток временски период во повеќе општини, помошник директорот за градба при АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката- Скопје, Билјана Главинчевска- Вранишкоска посочи дека на терен интензивно се одвива изградба на повеќе објекти од овој тип.“Во моментов, активно работиме на изведба на објектите наменети за лица во социјален ризик и тоа во: Скопје- Бутел, Дебар,Кочани (Ламела 3) и Велес. Планирано е да се отпочне со изградба на објектите во: Прилеп, Штип, Сарај и Пехчево.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ги повика заинтересираните лица да аплицираат во Центарот за социјални работи во Неготино чии службеници, доколку имаат потреба, ќе им помогнат во процесот на комплетирањето на документацијата. На располагање ќе им бидат и вработените во општината Демир Капија. Право на пријавување имаат следните категории граѓани: Деца над 18 години без родители кои до својата 18-та година биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни – природни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, лица припадници на Ромската заедница кои се социјално загрозени и самохрани родители со малолетни деца.“ Секој граѓанин заслужува топол дом и кров над глава и затоа мораме да истраеме во нашите настојувања даим помогнеме на оние на коишто тоа им е најпотребно. Апелирам до граѓаните кои ги исполнуваат условите да аплицираат во Центарот за социјални работи во Неготино,но да внимаваат во која категорија ,со цел нивното барање да биде прифатено од страна на Комисијата’’, рече Бочварски. Во насока на континуираната грижа на Владата за соцојално ранливите категории граѓани тој посочи дека минатата година беа распределени најголем број социјални згради и тоа во 4 општини, а оваа година објектот во Демир Капија е втор. Следниот повик за распределба ќе се однесува на социјалната зграда во Неготино, и според очекувањата ќе биде распишан во април.