Денеска наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Потоа преку денот времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи од 18 степени во Маврово, до 26 степени Целзиусови во Гевгелија.
Во Скопје наутро ќе има услови за слаба магла, а преку денот ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 24 степени.
Во следните два дена ќе има зголемена облачност, а утре се очекува слаб локален дожд. Потоа продолжува периодот на стабилно и суво време, со пониски дневни температури.