Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот ќе има мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 21 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец, кон крај на денот со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 24 степени.
Во следните денови продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време.