Продолжува континуираниот дијалог со бизнис заедницата, вели Бесими

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за финансии во рамки на транспаретниот и инклузивен процес што го спроведува во креирањето на политиките почнува дебата за иницијативата за воведување данок на екстра профит. Денеска во Министерството за финансии, министерот Фатмир Бесими одржа средба со бизнис заедницата. На средбата присуствуваа претставници од најголемите стопански комори, Стопанската комора на РС Македонија, Сојузот на стопански комори, Стопанска комора на Северозападна Македонија и Македонската банкарска асоцијација.

– Иницијативата за воведување данок на екстра профит произлезе од дебатата што Министерството за финансии ја организираше за Концептот на даночна рефома, што треба да стартува од 1 јануари 2023 година. Иницијативата ги следи и политиките што се преземаат на ниво на ЕУ во изминатиот период, а кои имаат за цел ублажување на директните економски ефекти од наглиот пораст на цените на енергијата врз јавните буџети, крајните потрошувачи и бизнисите во земјите-членки на Унијата. Во духот на транспареноста и инклузивноста оваа иницијатива сега повторно ја ставаме на маса да ја разгледаме со засегнатите страни, како би избрале модел што е најприфатлив за сите – рече министерот за финансии на средбата, посочувајќи дека прифаќањето на ваквото решение од страна на бизнис заеднцата ќе биде знак на солидарност во општеството во вакво време на криза.

Тој додаде дека во Министерството за финансии се прават подетални анализа за фискалните ефекти од воведувањето на ваков данок, а се разледуваат и искуствата од другите земји кои воведоа ваква мерка.

– Станува збор за данок кој е со времен карактер и кој се воведува во услови на вонредни состојби, каква што имаме во моментов со енергетската и ценовната криза. Тоа е решение кое веќе го применија некои од земјите во регионот и Европа. Така меѓу земјите кои воведоа ваква мерка е Велика Британија која најави дополнителен данок на екстра добивка во висина од 35 % во периодот 2023-2028 година за компании од енергетскиот сектор, Унгарија најави оданочување на екстра профит во енергетскиот сектор, финансискиот сектор, авиотранспортот и трговијата на мало за период 2022-2023 година, при што за енергетскиот сектор таа достигнува висина од 65%. Во Хрватска е најавено воведување данок на екстра профит од 33% за сите компании со годишни приходи над 40 милиони евра, а кои оствариле добивка повисока од 20% од нивниот годишен просек за период 2018-2021 година, како и Италија која најави данок на екстра профит во висина од 50% за компании од енергетскиот сектор кои имаат профит повисок од 10% од просекот 2018-2021 година, а кој би се применил во 2023 година – рече министерот.

Во конципирањето на моделот ќе се земат предвид анализите, искуствта од другите земји, како и предлозите што ќе произлезат од дебатата со засегнатите страни. Тоа е моделот што Министерството за финансии го примени и при конципирањето на даночната реформа која ја најави Владата и која веќе ја претстави пред јавноста, а треба да почне етапно да се применува од јанаури 2023 година. Целта на оваа даночна реформа е да се воспостави современ даночен систем што ќе обезбеди праведност, ефикасност и транспарентност, а ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации во оданочувањето и ќе биде во функција на забрзан, инклузивен и одржлив економски раст. Основите на даночните реформи се поставени до Стратегијата за реформа во даночната политика усвоена од Владата на РС Македонија на крајот на 2020 година.

Share This Article