Продолжува истрагата за рускиот хеликоптер кој исчезна на Камчатка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пронајдени се остатоците од рускиот хеликоптер „Ми-8Т“ што пред два дена исчезна на Камчатка, а според првичните информации во несреќата на леталото загинале сите патници и членови на екипажот, пренесоа руските медиуми.

Припадниците на руската спасувачка служба пронашле тела на 17 жртви на местото на падот на хеликоптерот „Ми-8Т“ на Камчатка, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.

„Досега веќе се пронајдени 17 тела, но потрагата продолжува“, се наведува во соопштението на руското министерство, пренесуваат руските медиуми.

Хеликоптерот „Ми-8Т“ во петокот полетал од локацијата во реонот на вулканот Вачкажец до локацијата Николаевка, но во договореното време, околу 07:15 часот по московско време, била изгубена комуникациската врска со екипажот на хеликоптерот , во кој имало 22 лица: тројца членови на екипажот и 19 туристи.

Според првичните информации, сите што биле во хеликоптерот се загинати, за руските медиуми соопштија од службата за итна помош. Остатоците од хеликоптерот се наоѓаат на надморска височина од 980 метри и е невозможно до него да се стигне пешки.

 

 

Регионалниот министер за вонредни ситуации, Сергеј Лебедев, соопшти дека денеска се пронајдени остатоците од рускиот хеликоптер „Ми-8Т“ што исчезна на Камчатка и дека, според прелиминарните податоци, леталото се урнало.

Хеликоптерот можел да се урне поради грешка на пилотот, велат од надлежната служба за отстранување на последиците од вонредни ситуации.

- Advertisement -
Ad image

„Како приоритетна верзија се разгледува пилотската грешка при тешки временски услови. Пилотот не можел да го види ридот во магла и удрил во неговата падина“, се наведува во соопштението.

Се разгледува и можноста за дефект на опремата, но таа можност засега е во втор план.

Share This Article