Испораките на гас од Германија за Полска преку гасоводот Јамал-Европа престанаа во понеделникот наутро, додека руските испораки преку Украина до Европа беа стабилни.
Од шест до седум наутро излевањата на мерното место Малнов на германско-полската граница беа на нула. Еден час претходно, од Германија во Полска пристигнале 1.305.783 киловат-часови гас, покажаа податоците од операторот на гасоводот Gascade.
Од друга страна, 41,3 милиони кубни метри (mcm) гас пристигнале во Словачка преку граничната точка Велка Капушани од правец на Украина изутринава, како и ден претходно, покажуваат податоците на украинскиот преносен систем.
Рускиот производител на гас Гаспром во понеделникот објави дека ќе испорача 42,4 милиони кубни метри природен гас во Европа преку Украина.
Во средината на ноември, Полска објави дека ќе ги преземе средствата на рускиот гасен гигант Газпром, вклучително и 48 отсто од акциите во Еурополгаз, сопственик на полскиот дел од гасоводот Јамал.
Присилната администрација ќе се грижи за безбедноста на клучната инфраструктура за транзит на гас, рече тогаш полскиот министер за развој Валдемар Буда.
Во септември Полска воведе санкции кон Гаспром, најавувајќи замрзнување на неговите средства поради руската инвазија на Украина.
Русија, од друга страна, го суспендираше извозот на гас во Полска, бидејќи Варшава одби да го плати во рубли.