Битката на грчките пожарникари со пожарите во Лутраки и Саронида продолжи и денеска.
За разлика од вчера, состојбата во Лутраки е значително подобра, како што информираат од противпожарната служба, сепак на неколку места има постојано разгорување и избувнувања на нови пожари.
Градоначалникот на Лутраки за медиумите изјави дека значителен проблем претставува ветерот кој почнува да се засилува, што доведува до разгорување на пожарите.
Според информациите, на западниот дел од земјата состојбата со пожарите е добра, а на југот кон автопатот Атина, пожарот е сѐ уште активен.