Продолжениот празничен викенд, кој почнува утре, ја зголеми фреквенцијата на возила за влез во Македонија од Србија и за излез од Македонија кон туристичките места во Грција. Утрово на Богородица, за влез во Грција се чека и до два часа.
Ситуацијата ВО ЖИВО може да ја следите во продолжение може да ја следите ТУКА.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.