More

    Продолжен притвор за осомничените за убиството на малата Данка

    spot_img

    Вишиот суд во Зајечар им го продолжи притворот за уште 30 дена на Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, осомничени за убиството на 2-годишното девојче Данка Илиќ, која исчезна на 26 април во Банско Поље кај Бор во Србија.
    Осомничените се во притвор од 6 април поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување траги од извршување на кривично дело, како и нарушување на јавноста.

    Во притвор е и таткото на осомничениот Дејан Драгијевиќ, кој утре ќе биде пуштен да се брани од слобода, бидејќи за кривичното дело помагање на сторителот по извршувањето на делото, притворот не може да трае подолго од два месеци.
    Тој е осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето по убиството.
    Телото на девојчето се уште не е пронајдено.

    Според неофицијалните сознанија, поранешниот директор на „Водовод“ сведочел за работните налози за Драгијевиќ и Јанковиќ, за нивното заминување и враќање од терен на 26 март, кога, како што се сомнева, во Бањско поле кај Бор, го прегазиле девојчето со службен автомобил, а потоа нејзиното тело го натоварило во возилото и подоцна го фрлиле на депонија.

    – Во досега доставените биолошки вештачења не е утврден ДНК профилот на Данка Илиќ. Обвинителството го очекува остатокот од биолошките вештачења – изјавија од ВЈТ Заечар.

    фото: Курир

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img