На Срѓан Лазовиќ од Лепосавиќ, кого приштинското обвинителство го обвинува за воено злосторство врз цивилното население, му е продолжен притворот за уште два месеци.
Лазовиќ е обвинет за наводни воени злосторства во околината на Малишево и Клина, а беше уапсен на 27 јуни во Лепосавиќ.
На 29 јуни му беше изречена едномесечен притвор.
„Со одлука на Основниот суд во Приштина, притворот на Срѓан Лазовиќ е продолжен за два месеци. Притворот беше продолжен на 25 јули, иако ниту јас ниту Срѓан не го добивме решението на нивниот мајчин јазик“, изјави адвокатот Предраг Миљковиќ за Радио Ким.Решението, посочува адвокатот, го добило само Управата за притвор и тоа на албански јазик.
„Одбраната беше ставена во незавидна положба. Ни беше ускратено правото на жалба“, рече Миљковиќ.
Адвокатот Миљковиќ рече дека одбраната доставила бројни докази кои покажуваат дека за време на воените конфликти во 1999 година, Срѓан Лазовиќ не бил припадник на полицијата и дека не бил во околината на Малишев или Клина.