More

    Продажбата на влезници за македонските навивачи за финалето од мундијалскиот бараж во Порто започнува денеска

    spot_img

    Продажбата на влезници за македонските навивачи за финалето од мундијалскиот бараж во Порто започнува денеска, соопшти Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) наведувајќи оти билетите можат да се купат по цена од 820 денари.

    Продажбата на билетите за дуелот во Порто во вторник од 20:45 часот, ќе се одвива преку „Mk Tickets“ официјалниот партнер на ФФМ, и можат да се купат на линкот. https://mktickets.mk/event/por-mkd/

    Согласно правилата на УЕФА, за македонските навивачи се предвидени пет отсто од вкупниот капацитет од 50.000 седишта на стадионот „Драгао“, што значи дека избраниците на селекторот Благоја Милевски можат да имаат максимална поддршка од трибините од 2.500 навивачи.

    Домашни туристички агенции најавија и чартер летови за навивачите, кои за влез во Португалија мораат да поседуваат ковид-19 сертификат, не постар од 270 денови, а препорачливо е пред патувањето да направат и брз антигенски тест.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img