Од 1 јули годинава стапуваат на сила измените на Законот за трговија со кои се регулира начинот на работа на продавниците во недела и празници. Два и пол месеци пред почетокот на примената на ограничувањата за работењето на продавниците во недела до само 16 недели во годината, поголемиот дел од трговците се уште не успеале да направат план во кои недели ќе им биде отворено продажното место и која ќе биде затворена, пишува Лидер.
Трговските центри имаат многу понапорна работа за планирање на работни и неработни недели отколку трговските синџири, бидејќи тие треба да ги координираат желбите и потребите на нивните многу различни станари на простор.
Една од ретките компании која досега успеала да направи детален распоред на работни и неработни недели за крајот на оваа година е Супернова која стопанисува со шеснаесет трговски центри во десет градови во Хрватска, пишува Лидер.
На пример, Supernova Garden Mall во Загреб ќе биде затворен во текот на летото, со исклучок на последната недела во август. Во текот на октомври и септември ќе работи по три недели, а во ноември и декември ќе биде отворена секоја недела. Супернова во Задар, напротив, ќе биде отворена секоја недела во јули и август, две недели во септември, во текот на октомври ќе бидат затворени сите недели, во ноември ќе биде отворена само една недела за да се „штеди“ за четири отворени недели во текот на декември. . Во недела кога е затворен одреден центар на Супернова, во него нема да работи ниту една продавница.