More

    Проблеми за Болдвин, новиот извештај вели поинаку

    spot_img

    Американскиот актер Алек Болдвин (65) случајно ја застрела камерманката Халина Хачинс на сетот на филмот „Рѓа“ во 2021 година. Пристигна нов извештај кој ја остава неизвесна судбината на актерот, пишува Би-би-си.

    Додека Алек негира дека го повлекол чкрапалото од пиштолот со кој потоа е застрелана камерманката, експертите за оружје сега велат дека чкрапалото „сигурно било повлечено“.

    Новиот извештај, напишан од експертите за оружје Лусиен Хаг и Мајк Хаг, беше доставен до обвинителите во Ново Мексико во вторникот, пишува „Дејли мејл“.

    – Иако Алек Болдвин постојано негира дека го повлекол чкрапалото, имајќи ги предвид тестовите, наодите и набљудувањата за кои тука се известува, чкрапалото морало да е повлечено или притиснато доволно за да го ослободи целосно набиениот или повлечен чекан на доказниот револвер – стои во извештајот за оружје кој е вклучен во судските документи.

    Да потсетиме, актерот ја застрела камерманката со реквизит на филмскиот сет, а во инцидентот беше ранет и режисерот Џоел Соуза. На снимањето на вестернот, Болдвин вежбал сцена со револвер и испукал вистински куршум во Халина Хачинс, која почина.

    Болдвин ја негираше одговорноста за убиството, рече дека пиштолот не бил наполнет и дека никогаш не го повлекол чкрапалото. Тој исто така рече дека Гутиерез-Рид и другите експерти за оружје требало да се погрижат да нема куршуми во него.

    Сè уште не е јасно дали наодите од новиот извештај ќе резултираат со повторно покренување обвинение против Алек Болдвин.

    За потсетување, првиот асистент на режисерот на „Рѓа“, Дејв Холс (63), во март беше осуден на шест месеци условна казна по спогодба за признавање вина. Тоа беше прва пресуда во тој случај, а беше изречена за несовесна употреба на огнено оружје. Токму Холс, на 21 октомври 2021 година, му пружил на Алек Болдвин пиштол што требало да биде наполнет со лажни куршуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img