Ал-Наср не сака да патува во Иран на натпреварот со Естеглал од Лигата на шампионите во АФЦ, пренесува Marca.
Според нивните информации, клубот стравува за нивната безбедност поради тензичната ситуација на Блискиот Исток.
Натпреварот меѓу Ал Наср и Естеглал е закажан за 22 октомври во Техеран.
Саудискиот клуб за кој настапува Кристијано Роналдо е на четвртото место во западната конференција со четири бода по две кола. Иранскиот тим има бод помалку.
Натпреварите од азиската Лига на шампиони можете да ги следите на Спорт Клуб, а пред неколку дена публиката во Иран можеше да види лет на ракети истрелани од Иран кон Израел на натпреварот помеѓу Сепахан и Истиклол.