Проблеми и со Фејсбук и со Инстаграм

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Социјалната мрежа Твитер не е достапна во Русија. Во многу градови, особено во Москва, не е можен пристап до Твитер, а пристапот е прекинат денеска напладне, јави агенцијата Анадолија.

Во текот на денот повремено имаше проблеми и со пристапот до Фејсбук и Инстаграм.

Руската Федерална агенција за надзор на информатичките технологии и медиумите –  Роскомнадзор вчера објави дека делумно го ограничила пристапот до Фејсбук.

Роскомнадзор денеска им нареди на десетици руски медиуми да ги отстранат информациите за воената операција во Украина добиени од неофицијални извори или од украински. На 24 февруари агенцијата објави дека руските медиуми „се обврзани да користат информации и податоци добиени исклучиво од руски официјални извори“ при подготовката на информативните материјали.

Share This Article