More

    Приведено едно лице кое кон Кашида фрли димна бомба

    spot_img

    Јапонскиот премиер Фумио Кишида беше евакуиран неповреден откако маж фрли врз него нешто што изгледаше како димна бомба за време на посетата на западна Јапонија, каде што премиерот требаше да одржи говор.

    Инцидентот се случил додека Фумио Кишида разговарал со кандидат на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП), непосредно пред планираниот говор во градот Вакајама, јавува Би-Би-Си.

    Едно лице е приведено на местото на настанот, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на локалните медиуми.

    Еден сведок рече дека видел како едно лице фрла нешто, проследено со чад, додека друг рече дека слушнал силен удар. Нема извештаи за повредени.

    Полицијата го потврди апсењето, но засега не коментира повеќе.

    По инцидентот, премиерот Кишида веднаш бил однесен со автомобил, јавува агенцијата Кјодо. Агенцијата наведува дека од толпа од неколку стотици луѓе била фрлена димна бомба и предизвикала силна експлозија, а на местото на настанот бил уапсен и човекот кој ја фрлил експлозивната направа.

    На снимката на Јапонската национална телевизија (ХНК) се гледа како толпа луѓе бегаат од местото на инцидентот.

    На видеото се гледа и дека полицијата совладувала и привела лице на возраст меѓу 20 и 30 години, а потоа го одвела во полициска станица, пренесе Ројтерс.

     

     

    Кишида денеска во попладневните часови треба да ја продолжи кампањата според претходно утврдениот план, соопшти неговата партија ЛДП.

    Поранешниот премиер Шинзо Абе беше смртно застрелан во јули минатата година за време на говорот во градот Нара пред изборите за Домот на советниците, горниот дом на јапонскиот парламент, поради што јапонската полиција ги засили безбедносните мерки за ВИП личности.

    Денешниот инцидент се случи за време на официјалната кампања за дополнителните избори за Претставничкиот дом во округот Вакајама бр. 1.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img