Денеска (13.06.2023) во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.С.(36) од Тетово, Н.А.(49) од тетовско Џепчиште и М.Н.(53) од тетовско Желино. Тие се сомничат дека на 12.06.2023 околу 19.00 часот на улица „29 Ноември“ во Тетово од товарно возило „опел виваро“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Л.А.(52) од Гостивар, одзеле пари во различни девизи и апоени и други предмети.
Парите и другите предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.