Приведени пет лица кои сексуално злоупотребувале малолетничка и изготвувале порнографски материјал

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 26.01.2023 Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Секторите за внатрешни работи Велес и Тетово, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418-г од Кривичен законик, извршено од страна на пет лица на возраст од 25 до 32 години, од кои четири од Велес и едно од Тетово, кои се лишени од слобода.

Имено, С.Д.(25) од Велес во временскиот период од 09.12.2021 година и во текот на 2022 година вршел продолжени кривични дела трговија со дете, користејќи закани, принуда за користење дрога и алкохол, и со уцена дека јавно ќе објави експлицитен материјал, овозможил малолетничката да биде злоупотребена за сексуални услуги и изготвување на порнографски материјал. Тој им овозможил на Д.С.(32) од Тетово, Д.Н.(25), Т.И.(22) и К.Т.(24), сите од Велес, да користат сексуални услуги од малолетничката, а на Д.С. и да изготви порнографски материјал.

Врз основа на издадена судска наредба од Основен кривичен суд Велес, на подрачјето на Велес извршен е претрес во дом и други простории кај С.Д., петте лица се приведени и против нив од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за сторено кривично дело „трговија со дете“ по чл 418-г од Кривичниот законик.

Share This Article