По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Штип и Отсекот за општ криминал при СВР Штип приведоа двајца 17-годишници и еден 15-годишник од Скопје и од Штип. Тие се сомничат дека сториле четири кривични дела „кражба“, од кои три извршени на 08, 09 и 10.04.2023 од продажни објекти во трговски центар во Штип, од каде биле одземени пари, облека и спортска опрема, додека четвртото кривично дело „кражба“ го извршиле на 29.12.2022 од угостителски објект во Штип од каде одзеле пари.
Расчистени се и едно кривично дело „тешка кражба“, извршена на 10/11.03.2023 во продажен објект во Штип, за која осомничен и приведен во Полициска станица бил Т.З.(45) од Штип и едно кривично дело „кражба“, извршена на 06.04.2023 од двор на правно лице од општина Карбинци, од каде биле одземени метални предмети, за која осомничен и приведен бил Р.Г.(43) од Штип.
Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата, а украдените предмети биле одземени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.