На 03.03.2022 во 23.10 часот помеѓу селата Романовце и Брзак, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода З.С.(55) од село Мршевци, скопско и Д.П.(45) од село Мралино, скопско, затоа што вршеле незаконит лов. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени улов и ловечка пушка „Застава“ со патрони. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.