Приведени лица од Арачиново и Брест, затекнати при нелегална сеча на огревно дрво

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 03.05.2023 во 19.00 часот кај место викано „Рамно“, на шумскиот пат кон Бањашница, општина Чучер Сандево, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода К.Ј.(19) од с.Брест, скопско О.Ш.(27) с.Арачиново, скопско. Тие биле затекнати со две товарни возила при нелегална сеча на огревно дрво на државно земјиште.
Дрвата биле одземени и предадени на претставници од ЈП „Национални шуми“ – Караџица, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share This Article