На 14.09.2023 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Д.Б.(22) од Виница и Р.Д.(28) од Скопје.
Тие се сомничат дека во периодот од 13.09.2023 до 06.00 часот на 14.09.2023 со употреба на сила и погоден алат влегле во објект на поранешна млекарница во с.Сопот и одзеле повеќе предмети.
Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.