Приведени крадци од гостиварско, пронајдени дел од украдените предмети

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 09.03.2023 околу 21.45 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 27-годишниот Ф.Х. и малолетник од ова село.
Тие се сомничат дека на 08.03.2023 извршиле тешка кражба во магацин на стоматолошка ординација во селото, сопственост на И.Х.(62). Кај Ф.Х. биле пронајдени и одземени дел од предметите кои потекнуваат од кражбата.
Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

Share This Article