На 28.12.2022 на ул„Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Д.Р.(30), Џ.Р.(33), Д.Б.(34) и Ф.М.(41), сите од Битола. Тие биле затекнати како вршат продажба на разновидни пиротехнички средства. Пиротехничките средства биле одземени,а лицата биле задржани во полициска станица. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.