По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје на 27.02.2023 во Скопје го лишиле од слобода С.А.(30) с.Пагаруша, општина Студеничани.
Тој се сомничи дека во пет наврати извршил кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“ по член 190 од Кривичниот законик, односно во градски автобуси и на други јавни места се самозадоволувал пред женски лица од Скопје.
Лицето било задржано во полициска станица и во присуство на Јавен обвинител било извршено негово препознавање од страна на оштетените. Против него била поднесена и кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка му била определена мерка притвор.