Во раните утрински часови, полицијата го приведе 29-годишниот Б.Д. од село Арачиново, осомничен за грабеж во казино на подрачјето на Гази Баба.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, грабежот се случил околу 05:30 часот, кога осомничениот со употреба на сила врз вработен во казиното одзел пари од касата.
Полициските службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле осомничениот само 20 минути по инцидентот, во 05:50 часот. Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот.
Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.