На 08.02.2023 во 15.45 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.С.(30) од Велес.
Тој се сомничи дека од деловен објект на ул.„Партизански одреди“ во Велес одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.