Вчера (15 февруари) околу 12.10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 19-годишниот И.С. од гостиварско Страјане. Тој се сомничи дека заедно со уште едно лице извршил тешки кражби во куќи во гостиварските села Беловиште и Балиндол.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.