Денеска (04.01.2023) околу 08.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода малолетник од гостиварски Добридол.
Тој се сомничи дека бил инволвиран во две тешки кражби, извршени кон крајот на минатата година во гостиварското село Галате.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.