Денеска (21.07.2023) во кругот на црквата „Св.Архангел Гаврил“ на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода З.К.(35) од Скопје.
Тој бил фатен веднаш по извршување кривично дело тешка кражба во црквата, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и ќе бидат вратени.
З.К. бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.