Кикбоксерот Ненад Пагонис, познат во јавноста по своите спортски успеси, претходната вечер беше приведен во Нови Сад под сомнение дека извршил насилство врз поранешната сопруга – актерката Маја Брукнер.
Според српските медиуми, Маја синоќа нешто пред полноќ е примена на хируршкото одделение на Клиничкиот центар на Војводина, а по дијагнозата ѝ била констатирана скршеница на ребро.
Според неофицијални информации, конфликтот избил околу тренинг на нивното заедничко дете. Се дознава дека Пагонис, ја удрел бившата сопруга со тупаница во пределот на градите, по што бил приведен во полициска станица.
Ненад Пагонис по апсењето е приведен по наредба на дежурниот обвинител на Основното јавно обвинителство Нови Сад.
Ненад и Маја се разведоа пред 5 години по девет години брак.
За потсетување, повеќекратниот шампион на Европа и светот во кик-бокс, Ненад Пагонис, стана познат во јавноста по бројните спортски достигнувања. Своевремено се појави и во шоу-програмата на хуманитарен лик „Твоето лице звучи познато“, каде со своите изведби и трансформации ја воодушеви публиката крај малите екрани.