Приведен е 21-годишен радовишанец

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Полицијата вчера во Радовиш го привела Е.Б. (21), поради сомненија дека извршил две кривични дела „одземање на моторно возило“ и по едно кривично дело „тешка кражба“, „насилство“ и „мачење на животни“.

Е.Б. бил задржан во полициската станица Радовиш, кај него бил пронајден предмет со кој извршил кривично дело и во разговорот со службените лица ги признал делата, а одземените моторни возила биле пронајдени од страна на полициски службеници и вратени на сопствениците.

„По целосно документирање на случаите против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Share This Article