Секторот за внатрешни работи Охрид,за престојните празници со зголемено присуство на припадниците на МВР на терен.Во Охрид и Струга за празнициве видливо е присуство на единицата за брзо распоредување (ЕБР) на МВР,а криминалистичката полиција има помош и од своите колеги од Скопје .
Минатата ноќ на територија на Општина Охрид криминалистичката полиција откри дилер Б.Д. ,кај кого е пронајдено 16 грама наркотична дрога Кокаин,лицето е лишено од слобода и со поднесена Кривична пријава предадено е пред надлежен судија ,а за кој ОЈО бара 30 дневен притвор.
Во текот на вчерашниот ден ,пред ноќен клуб во Охрид припадниците на полицијата вршеле лични прегледи врз повеќе лица ,а со цел пронаоѓање на дрога и оружје.
Во село Лабуништа приведени се 12 лица кој извршиле насилство врз лице и истите со соодветна кривична пријава ,одредена им е мерка притвор од 30 дена.
Зајакнато присуство на припадниците на МВР во Охрид ќе има и останативе денови,а на терен е и целиот врв на СВР Охрид .