Денеска (29.05.2023) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги, во рамки на оперативната акција „Жетва“, во Скопје го лишија од слобода И.М.(48) од Струмица, кој бил баран со меѓународна потерница поради бегство од затвор за доиздржување на казна затвор во траење од една година, четири месеци и 15 дена. Тој бил осуден поради сторено кривично дело по член 247, став 4, во врска со став 1, а во врска со член 45 од Кривичниот законик. И.М. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа за доиздржување на казната.