More

    Приватните превозници ги затнаа главните артерии на Скопје

    spot_img

    Со големо и искрено извинување до скопјани, приватните автобуски превозници од компанијата „Слобода превоз“ утринава го започнаа протестот и со своите автобуси ги блокираа градските улици во знак на револт поради неисплатените пари од страна на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП.

    Тие потенцираа дека се одлучиле на овој драстичен чекор откако мирните протести во изминатите седмици не вродиле со решение на нивните проблеми со неисплатените плати.

    За потсетување, од денеска во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, а истиот е воспоставен на булеварот „Илинден“ и тоа од крстосницата на „Илинденска“ со булеварот „Св. Климент Охридски“ до крстосницата на „Илинденска“ со булеварот „8 Септември“. Посебен режим има и кај „Црвен крст“, на крстосницата помеѓу улицата „11 Октомври“ и булеварот „Кочо Рацин“.

    Исто така, посебен режим има и кај „Судска палата“, на крстосницата на булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Мисирков“.

    Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img